MЈП Проаква ќе ги исклучува должниците од системот на водоснабдување

- Локални
950

МЈП Проаква ја информира јавноста дека во тек на месец јануари ќе бидат преземени активности кон исклучување од системот на водоснабдување на правни субјекти поради неплатени сметки на вода за пиење и канализација, со тоа што ќе има имликации кон останатите правни и физички лица со времен прекин на водоснабдувањето. Исто така, во тек на овој период МЈП Проаква јавно ќе објави листа од сите  должници во општина Струга. Од МЈП Проаква исто така информираат дека горенаведените активности преземени од страна на МЈП Проаква се со цел за подобрување на квалитетот на услугите на водоснабдување и канализација за сите граѓани на општина Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари