Од сега пазарењето е „ТОП“ и во Струга

- Локални, Маркетинг
821

Стружани и бројните посетители на ривиерата од денеска ќе можат да уживаат во пазарењето во новиот, супер модерен „Топ маркет“, деветти во фамилијата на познатиот трговски бренд на компанијата „Семафор комерц Р“.

Новиот „Топ Маркет“, прв од ланецот во Струга, е лоциран на ексклузивна локација покрај Езерото на улица „Партизанска“, во сините згради, на влезот од поранешна „Стружанка“.

„Топ маркет“ во Струга е со најголем асортиман на произвоси до сега. Изобилува со исклучителна и разновидна понуда на производи за широка потрошувачка, според највисоките стандарди за квалитет и безбедност, вклучително и Халал, свежо печен леб и топли печива во секое време, постојано свежо овошје и зеленчук, како и голем избор на вина и пијалаци, детски играчки, тобако корнер, храна за миленици, а од четврток понудата ќе биде збогатена и со свежо спакувано говедско, пилешко и свинско месо и риба, и сето тоа по фер и коректни цени.

Новиот „Топ маркет“ во Струга располага со огромен паркинг, што го олеснува пазарењето и го прави вистинско задоволство.

Освен богатата понуда, купувачите во новиот „Топ Маркет“ ги очекуваат акции и промоции, а ќе може да остваруват и дополнителна вредност пазарејќи со „Cashback“ и другите  програми за лојалност на компанијата.

Едноставно, пазарењето од сега е „ТОП“ и во Струга.

Фото: Анамарија Момироска

StrugaOnline

Facebook Коментари