ОГЛАС: Продажба на недвижен имот на Охридска банка А.Д Скопје

- Локални, Маркетинг
890

О  Г  Л  А  С

за продажба на недвижен имот на Охридска банка А.Д Скопје

Земјиште под зграда 1 и Деловен Простор во Струга

Охридска банка А.Д. Скопје врши продажба на:

Вид на имотот: Локација: Краток опис: Имотен лист Број и КО: Физичко владение Почетна висина на купопродажна цена (ЕУР)
1. Земјиште под зграда 1 и Деловен простор Струга Ул.Маршал Тито бр.1

132 м2  (ПР + кат1) и

72 м2 (ЗПЗ1)

Бр.2467

КО.Струга

да 400.000 ЕУР (четристотиниилјадиевра) во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ на денот на плаќањето

 Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши согласно утврден процес по пат на јавно наддавање организиран во просториите на Банката.

Недвижниот имот се продава испразнет од луѓе и ствари, во видена состојба.

Постигнатата купопродажна цена на која ќе биде пресметан и ДДВ треба да се плати во готово со уплата на жиро сметка на Банката.

Трошоците поврзани со данокот на промет на недвижност, адвокатски и нотарски трошоци како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.

Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши согласно утврден процес по пат на јавно наддавање организиран во просториите на Охридска Банка.

  • Деловна Зграда на Охридска Банка во Охрид
  • Ул.Македонски Просветители број 19 – Охрид
  • 1-Кат: просторија – повеќенаменска сала
  • ден и час на одржување на јавното наддавање: 09.07.2021 година –со почеток во 11:00 часот
  • Почетната висина на купородажната цена за предметот на купопродажба е наведена во табелата

За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока купопродажна цена за недвижниот имот предмет на купопродажба.

Најповолниот понудувач треба да го уплати целокупниот износ на купопродажна цена во рок од 5 (пет) дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а не подоцна од 15.07.2021  година.

Сите заинтересирани правни или физички лица за учество треба да уплатат депозит на жиро сметка на Банката број 530-0000000001-76 со назнака:” депозит за учество на јавно наддавање – за недвижен имот опишан во Имотен Лист број 2467 за КО.Струга”, парични средства во износ од 10% од почетната висина на купопродажната цена или вкупно 40.000 ЕУР (четриесетилјадиевра) во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ на денот на плаќањето.

Уплатениот депозит на најповолниот понудувач се засметува како дел од уплатата на купопродажната цена.

Депозитите на останатите учесници – понудувачи ќе им бидат вратени во рок од 5 (пет) работни дена од денот на одржување на јавното наддавање.

Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на продавачот.

Плаќањето на вкупната купопродажна цена на недвижниот имот треба да се изврши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето, на ж-ска 530-0000000001-76 Охридска Банка A.Д Скопје.

Сите заинтересирани правни или физички лица ќе може да направат увид на недвижниот имот предмет на купопродажба во деновите од 05.07.2021 година до 07.07.2021 година во период од 10:00 часот до 15:00 часот со предходна најава.

За дополнителни информации

ОХРИДСКА БАНКА А.Д. СКОПЈЕ

Facebook Коментари