Отворен новиот продажен салон на Анхоч во Струга

- Локални, Маркетинг
586

Вашето ново одредиште за најнова технологија е тука. Отворен е новиот продажен салон на Анхоч во центарот на Струга!

Тимот на Анхоч денеска пред присутните со гордост го претстави првиот салон од овој вид во градот, каде што ќе можете да истражувате и купувате најновите мобилни телефони и таблети, паметни часовници, компјутерска и гејминг опрема, игри, како и најголем избор на смарт home – се на едно место.

,, Отварањето помина во прекрасна атмосфера, имаме многу посетители и заинтересирани за нашите производи. Станува збор за модерен салон во кој што навистина можете да најдете се’ на едно место-IT производи, гејминг опрема и смарт уреди. Имаме посебен гејминг центар и аудио дел, сите што доаѓаат имаат можност да го пробаат тоа што го купуваат“-изјави за Strugaonline, Јелена Стојковиќ, маркетинг менаџер во Анхоч.

На големото отварање беа промовирани врвни брендови, има  одлични понуди на лаптопи, таблети, паметни телефони и многу други уреди од најпопуларните брендови, а  првите стотина клиенти добиваат специјален подарок при купување.

Анхоч од денеска нуди ново шопинг искуство со многу поволни цени.

Strugaonline

Facebook Коментари