Параглајдерист изгубил висина и паднал на планината Галичица

- Локални, Хроника
764

На ден 08.08.2018 година во 14,50 часот во СВР Охрид, од вработени во Националниот парк „Галичица“, пријавено е дека на планината Галичица, кај месноста „Баба“, паднало лице со параглајдер. Екипа на униформирани полициски службеници од СВР Охрид,, веднаш е упатена на посоченото место и известена е планинарската служба за спасување како и Итната медицинска помош. На местото викано „Баба“,во контактибилна состојба е затекнато лицето О.В. ( 37) од Киев-Украина, кој претходно летал со параглајдер по што, од засега неутврдени причини,изгубил висина и паднал.  Тој, е пренесен во болницата Св.Еразмо каде се констатирани тешки телесни повреди по што е задржан на понатамошно лекување. По овласување на Јавен обвинител,  Зоран увид на местото на настанот извршија екипи на СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари