Работилници за Човекови права во Струга

- Локални
908

На 24-ти и 25-ти јуни во просториите на Центарот на заедницата на општина Струга ќе се одржи работилница за човекови права.

„Младите ќе имаа можност да слушнат за поимот човекови права и главните карактеристики на човековите права и слободи. Исто така,  тие ќе се запознаа со важноста на човековите права и конкретно со тоа кои се нивните права. За време на презентацијат ќе биде прикажано и кратко видео во врска со темата, а потоа е планирана дискусија околу законската и инситутционалната рамка за заштита на човековите права во меѓународното право, а и за домашните механизми за заштита. На крајот на работилницата ќе се објасни важноста на Европскиот суд за Човекови права во Стразбур.“ – информираат организаторите.

Работилниците започнуваат во 15:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари