Регионална работилница за Општинските Изборни Комисии утре во Охрид

- Локални
1292

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ во соработка со Државната Изборна Комисија, во петок, на 27-ми април, во Големата сала на Советот на општина Охрид, со почеток во 11:00 часот ќе оддржи регионална работилница за Општинските Изборни Комисии.

– Работилницата на која ќе учествуваат претставници од Општинските изборни Комисии од Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Дебрца и Вевчани е во рамките на Проектот „Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес“, а ќе се одржи на тема: Комуникација и пристап кон лицата со попреченост, информираат организаторите.

На сесиите ќе се организираат интерактивни презентации, насоки и примери за ефикасен пристап и комуникација со лица со различен вид на попреченост, а ќе се презентираат и наодите од истражувањето за Учество на лицата со попреченост во изборниот процес во Република Македонија и ќе се дадат насоки за организирање на пристапни избори во делот на едукација, материјали и информирање.

Извор: ОхридПрес

Фото: архива

Facebook Коментари