РК Струга во недела го пречекува Вардар, ,,Паткари“ со повик да се наполни салата

- Локални, Спорт
433
Во недела 21.11, со почеток во 17:00 часот, РК Струга ја пречекува екипата на РК Вардар
Натпреварот ќе се игра во спортската сала ,,Нико Нестор“.
Навивачката група ,,Паткари“ ги повикува љубителите на ракометот, сите генерации од навивачите и поддржувачите на струшкиот ракомет, да се наполни салата ,,Нико Нестор“.
,,Почитувани ПАТКАРИ, почитувани Стружани, поддржувачи на струшкиот ракомет, во НЕДЕЛА 21.11 со почеток во 17:00 часот во салата Нико Нестор ја пречекуваме екипата на Скопски Вардар, затоа ПОВИК до сите генерации ПАТКАРИ, до сите кои го сакаат спортот, да ја наполниме салата и да им дадеме поддршка на нашите ракометари.,,-стои во повикот на ,,Паткари“
Тие додаваат дека собирот е закажан за 16:30 часот пред салата.
Strugaonline

Facebook Коментари