Саем за вработување и пазар на идеи утре во Охрид

- Локални
825

Општина Охрид заедно со друштвото за производство, трговија и услуги О3 Инвест Скопје организира Саем за Вработување и Пазар на Идеи во Општина Охрид. Настанот кој ќе има цел да ги соедини работодавците и искусните професионалци со барателите на работа под еден кров ќе се одржи на 05.10.2018 г. во непосредна близина на ТЦ Амам во период од 12 до 15 часот.

Саемот за вработување е еден од најзначајните настани кои ги поврзуваат организациите од различни сектори вклучувајќи владини, невладини, приватни и интернационални на едно место со високо конкуретни и професионални лица кои бараат работа, а со тоа служат како платформа за отворени и широки можности за вработување.

„Веруваме дека Саемот ќе е одлична можност за организациите и комапниите да се претстават и да ги запознаат посетителите со начинот на кој работат, како и да условите што би требало да ги поседуваат кандидатите за вработување или пак за практикантска работа.

Општина Охрид ги охрабрува сите заинтересирани лица да го посетат саемот со надеж дека ќе станат дел од големиот број успешни приказни кои произлегле од овој тип на претставување на понудата на пазарот на трудот.“ – велат од Општина Охрид.

Strugaonline

Facebook Коментари