Се заштитува објект на улицата „Партизанска“ во Струга, класичен претставник на градската архитектура од почетокот на XX век

- Локални
861

Завршија предвидените работи од првата фаза на непосредна заштита при реализација на Конзерваторски проект за конзерватоско – реставраторски работи на архитектонски објект на улицата „Партизанска“ бб во Струга, информираат од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид.

– На објектот се изврши препокривање. Стариот оштетен кров се демонтира и по извршена статичка пресметка се поставија нови кровни елементи. Се постави нов патос од даски, од внатрешната страна се постави термоизолација од минерална волна поставена меѓу роговите кои се затворија со гипсено картонски плочи. Над дасчениот под се постави паропропусна фолија, летви и завршено е со ќерамиди од тип каналица – медитеран. Поставени се нови хоризонтални и вертикални олуци, обработена е оштетената декоративна стреа на објектот, а исто така се заменаа и оштетените прозори со нови дрвени кружни прозорци, додаваат  од Завод и Музеј Охрид.

Објектот е класичен претставник на градската архитектура од почетокот на XX век, датира од 1934 година изграден од италијанската војска како царински терминал. Од 1945 – 1952 година бил воена команда на ЈНА. Во 1953 година го презема туристичката агенција Турист и тогаш станува хотел Галеб – првиот хотел во Струга. После 1965 година го презема општината каде бил сместен претседателот на општината народна одбрана и други сектори. Денес го користат Министерството за одбрана и други институции.

Овој проект финасиски беше подржан од министерството за култура на Република Македонија, а се реализира преку НУ Завод и Музеј Охрид под раководство на диа Анита Пејчиноска Танеска.

Strugaonline

фото: Завод и музеј Охрид

Facebook Коментари