Се зголемува бројот на болни од грип во Струга

- Здравје, Локални
768

Image processed by CodeCarvings Piczard ### FREE Community Edition ### on 2013-10-20 18:26:29Z | http://piczard.com | http://codecarvings.com

Во Струга и струшко регистрирани се 112 клинички дијагностицирани случаи кои наликуваат на грип, што е многу повеќе во однос на истиот период лани, информира Добривое Кузманоски епидемиолог во подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Струга.

Оваа година, според него, грипот почнал порано во однос на претходните, а реалните бројки на заразени се многу повеќе, бидејќи многу заболени не отишле на лекар. Најголем број од болните се на возраст од 15 до 64 години.

– Реалната бројка на заболени од грип сигурно е уште неколку пати повисока, бидејќи многу од нив не отишле на лекар. Се очекува во наредните недели бројот на заболувања слични на грип значително да расте, изјави Кузмановски за МИА.

Информира дека денеска се земени првите примероци од пациенти, кои ќе бидат пратени во Институтот за јавно здравје за вирусолошко испитување и ќе има точна лабораториска потврда дали и за каков грип станува збор. Засега се само клинички дијагностицирани случаи кои наликуваат на грип, подвлече епидемиологот Кузманоски.

За намалување на ширењето на грипот, тој советува заразените да останат во изолација неколку дена, да конзумираат многу чаеви, течности и свежо овошје.

– За превенција од грип потребно е избегнување контакти со болни, миење на рацете, витамини и минерали, редовна физичка активност, чаеви… На организмот секогаш, а посебно во сезона на инфекции му се потребни доволно течности, пред се обична вода, незасладени чаеви и природни сокови, истакна Кузманоски.

Facebook Коментари