Сепса е причината за смртта на двегодишното дете од Охрид

- Локални, Хроника
948

Основното јавно обвинителство од Охрид информира дека го добило секциониот протокол од извршената судско медицинска експертиза на двегодишното дете кое почина во август годинава на детското одделение во Медицинскиот Центар во Охрид.

Патолошко хистолошката дијагноза и резултатите од токсилошките анализи укажуваат дека смртта кај детето настанала поради воспаление на двете белодробни крила, по што инфекцијата навлегувајќи во крвта предизвикала сепса.

Детето првпат беше примено на 25-ти август и по препишана терапија беше пуштено дома. Поради влошување на состојбата тоа во два наврати било донесено во охридската болница, последниот пат без знаци на живот.

извор: плусинфо фото: архива

Facebook Коментари