Со креативни маски дечињата во Струга го одбележаа Денот на шегата

- Забава, Локални
1242

Со маски на принцези, пеперутки, спајдермени, полицајци, кловнови,  дечињата во Струга го одбележаа 1-ви април, Меѓународниот ден на шегата.

Низ струшките улици продефилираа  учениците од ООУ ,,Јосип Броз Тито” заедно со подрачните училишта и дечињата од градинката ,,8-ми Mарт”.

,,Децата низ прекрасни маски ги прикажаа нивните желби од соништата за иднината. Целта на овој настан беше да се обележи 1 април како ден на шегата во кој преовладуваше прекрасна атмосфера.“- информираат од ООУ ,,Јосип Броз Тито” .

После дефилето низ градот, забавата за најмладите продолжи на Ракометното игралиште.

Strugaonline

Facebook Коментари