Со 6 медали одличен крај на триатлон и дуатлон сезоната за струшкиот триатлон клуб „3DISCIPLINES СТРУГА“.

- Локални, Спорт
806

Димитар Јованоски и Никола Кутаноски со први места ја потврдија шампионската форма.

На вчерашната последна трка од календарот на триатлон федерацијата на Македонија за дуатлон и триатлон, во Скопје се одржа последната трка за сезонава. Дуатлон трката на кејот на Вардар беше последниот тест за сите триатлонци и потврдување на шампионската форма на струшкиот Триатлон клуб „3DISCIPLINES СТРУГА“.

На овој натпревар настапивме со околу 20 членови и сите со одлични резултати. Најмладите и најмали докажаа дека не е се до телефоните и таблетите, има уште мотив и желба за активности и спорт кај децата. – велат од Триатлон клуб „3DISCIPLINES СТРУГА“.

Резултати:

Сениори: Никола Кутаноски, 1во место

Јуниори: Димитар Јованоски, 1во место

Кадети: Давор Попоски, 2 ро место (изгубено за 3 сек)

Пионерки: Миа Мачоска, 2ро место, Емилија Спасеска, 3то место (возеа со несоодветна опрема и дефект дупната гума).

Помлади пионери: Симеон Јованоски, 2ро место.

Годинава на сите одржани трки во најелитните категории доминираа Кутаноски и Јованоски, покрај останатите помлади категории. Сезоната е успешно завршена со многу добри резултати и пред се дружење на децата, а веќе од понеделник започнуваат со нови тренинзи.

Изразуваат благодарност во нивните верни помагатели: бутици Мисс Сара, Авто школа Сив, Унипласт Струга, ЈП Комунално Струга и хотелот Мираж за условите што им ги овозможи за тренинзите во базенот.

StrugaOnline

Facebook Коментари