Стоматолози им одржаа едукативно предавање на учениците во ООУ ,,Јосип Броз Тито“

- Здравје, Локални
1055
Во  ООУ ,,Јосип Броз Тито“,  родители- стоматолози Д-р Марија Пејовска и Д-р Жулиета Матовска Чакар одржаа предавање на тема ,,Превентивна дентална заштита” за учениците од прво и второ одделение.
,,На покана на основното училиште ,,Јосип Броз Тито“ заедно со Др. Марија Пејоска,  одржавме предавање на тема,,Превентивна дентална заштита” кај учениците од прво и второ одделение,  затоа што има потреба од информирање и едукација на децата уште од најмала возраст за потребата и начинот на одржување на здравјето на забите и потпорните ткива, впрочем на целокупното орално здравје. На децата им беше објаснета анатомијата (градбата) на забите, нивниот број и развој, начинот и средствата за одржување на оралната хигиена, техники на правилно четкање на забите, заболувањата на забите, нивно лекување како и најважното- мерките кои се преземаат за спречување на нивно настанување.“-изјави за Strugaonline Д-р Жулиета Матовска Чакар.
Taa додава дека дечињата многу позитивно го прифатиле предавањето и  со низа прашања и примери ја разбрале пораката, сега останува на нив да го применат тоа што го научиле на предавањето.
,,На децата им беа поделени и промотивни материјали, четки и пасти за заби, благодарност до претставниците на Colgate и Elmex за Македонија. Се надеваме дека вакви и слични активности ќе придонесат да се доближиме до стратешката цел,,орално здравје за сите” и здрави насмевки уште од најмала возраст.“ – потенцира Матовска-Чакар.
Предавањето се одржа согласно планираните активности во рамки на проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците.“
Strugaonline

Facebook Коментари