Струга Трим Лум убедливо ја совлада екипата на Вардар

- Локални, Спорт
180

Струга Трим Лум попладневно на домашен терен убедливо ја совлада екипата на Вардар со резултат 4:0.

Во овој заостанат натпревар од Првата македонска фудбалска лига,  стрелци на головите беа Бесарт Ибраими, Ментор Мазрекај, Хадис Таири и Сенад Јаровиќ, сите во второто полувреме.

Струга ТЛ сега има 24 бодови и е само на бод помалку од водечките Шкупи и Шкендија.

Facebook Коментари