Струшкиот ракометен турнир ќе се одржи од 12-ти до 16-ти август

- Локални, Спорт
530

Традиционалниот Струшки ракометен турнир планирано е да се одржи од 12 до 16 август.

Доколку ситуацијата со коронавирусот не се влоши, на отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“ каде ќе се одржи 48-мото издание на турнирот, би требало да се појават осум македонски екипи.

Организаторот испрати покани до сите планирани учесници – Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер, Охрид, Бутел Скопје, Пролет и Прилеп, а на овие седум екипи ќе им се придружи и организаторот Струга.

Екипите би биле поделени во две групи по четири, би одиграле секој со секого во четири дена, а на завршниот ден во недела би се одиграле натпреварите за пласман.

Извор: 24rakomet.mk

фото: архива

Facebook Коментари