Струшките џудисти освоија два медали на Меѓународен натпревар во Босна и Херцеговина

- Локални, Спорт
250
На ден 01.04.2023 година џудо клубот ,,Дрим“ од Струга со седум натпреварувачи учествуваше на меѓународниот натпревар “TROFEJ ZVORNIKA-OPEN” во Зворник ,Босна и Херцеговина каде учествуваа преку 500 натпреварувачи.
Со медали се закитија
-Лука Трца U11 +50кг трето место
-Давид Ќосески U13 -60кг  трето место.
-Одлични борби прикажаа и Мила Стојмиловска, Елеонора Јосифоска, Драгица Рафтоска, Константин Циркоски и Матеј Балоски но не успеаа да се закитат со медал .-информираат од струшкиот џудо клуб.
Strugaonline

Facebook Коментари