Стружанката Ангела Ѓелинческа е дел од македонскиот тим кој обезбеди финале на „City games“ во Србија

- Локални, Спорт
1851

Тим од Македонија се избори за место во финалето на „City games“ игри на вода чие полуфинале се одржа во  Србија. Нашите претставници го освоија второто место и обезбедија влез во супер-финалето. Дел од македонскиот-тим натпреварувачи беше и стружанката Ангела Ѓелинческа која заслужено ја носи титулата фитнес шампион. Покрај Ангела, од Македонија учествуваа и  Даниел Трбогазов – професионалец по пливање, Марко Гоцевски -гимнастичар, Петар Стојаноски-гимнастичар, Дарко Тасевски – crossfit-er, Даниела Велеска -фудбалерка и  Рената Соколоска – атлетичарка.

На ова натпреварување учествуваа претставници на Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Финалето од „City Games“ ќе се одржи во август во Словенија и ќе биде во конкуренција на ниво на цела Европа.

„Moраме да се подготвуваме и да дадеме се од себе, бидејќи финалето ќе биде на европско ниво и многу силна конкуренција. Како тим од активни спортисти и колеги од Македонија, заедно функционираме одлично. Постојано се бодриме помеѓу себе , си помагаме и токму тоа е формулата која не’ однесе во супер финалето!“ – вели Ангела Ѓелинческа за Strugaonline.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари