Стружанката Ангела Ѓелинческа ја одбрани титулата шампион во bodybuilding и фитнес!

- Локални, Спорт
1880

Стружанката Ангела Ѓелинческа е старо-новиот шампион на државниот натпревар во bodybuilding и фитнес како и квалификации за Балканско и Европско првенство. Натпреварот се одржа на 20-ти овој месец во Скопје.

Ѓелинческа за Strugaonline вели дека ја освои и ја одбрани титулата со напорни три месеци интензивни подготовки. Вели дека имала напорни тренинзи и во теретана и во нејзиното студио, како и 100% режим на исхрана соодветен на нејзините предизвици.

Ангела Ѓелинческа е позната по дисциплината во овој спорт, како и остварувањетo на своите цели, па така, Балканскиот и Европскиот натпревар за неа станаа реалност.

Во својата категорија, таа имаше и кореографија во која треба да се покаже ритмика, издржливост и акробатика на музика со тема.

Strugaonline

 

Facebook Коментари