Триатлон клубот 3Disciplines од Струга со одлични резултати на Преспанскиот маратон и штафетната триатлон трка

- Локални, Спорт
740

Тимот на триатлон клубот ,,3Disciplines“  од Струга со дел од екипата по пливање вчера  настапи на првиот Преспански маратон како дел на отворените првенства во далечинско пливање во Република Македонија.

Клубот настапи со осум членови во категоријата на 800м од 2008 до 2012 година. Ова се постигнатите резултати:
Тија Кукунешоска 4-то место
Олјса Орани 5- то место
Тара Цома
Дамјан Бежаноски 6-то место 2011
Давид Попоски 9-то место 2012
Јован Кутаноски 7-место 2014
Климент Ковачески 8-мо место 2013

Во категоријата од 2007 до 2012 Урош Трповски го освои третото место во негова категорија и четвррто во севкупен пласман. Летниот период тренира и плива заедно со Димитар Јованоски и тренерот Никола Кутаноски, а преку година тренира ватерполо во Белград за тимот  на ,,Партизан“ ,  а од оваа година за ,,Радницки “Крагујевац .

Членовите на 3 Disciplines денеска настапија на промотивната штафетна триатлон трка во Дебар што опфати пливање на 350 метри, возење на 12.4 км и трчање на 2.5км. Со оглед на тоа дека денеска Димитар Јованоски е на друга трка во друмски велосипедизам во Куманово, тренерот Кутаноски одлучи во Дебар да го претстави младиод тим.

Екипата беше составена од Урош Трповски-пливање, Стефан Петрески-велосипед и Давор Попоски-трчање.

И оваа трка резултираше со освоено прво место со предност од сседум минути и триесет секунди пред второпласираните.

Тренерот Никола Кутаноски изјави дека е презадоволен од младите екипи кои се посветени и ентузијасти да постигнуваат успеси и да напредуваат.

Strugaonline

 

Facebook Коментари