Организиран од страна на Aquatica Yachting, утре во Охрид ќе се одржи куп во едрење насловен како „Ohrid Sailing Cup“.
На овој начин на голема врата се враќа едрењето во градот. Во водите на Охридското езеро ќе едрат 15 едрилици со по 3 члена, во класите- микро и минитонер. Во зависност од временските услови, планирано е да се изедрат минимум 3 трки. Регатата свечено ќе биде отворена во 10:30 часот на тераса „Аквариус“, а првата трка ќе започне во 11:00 часот. Учесниците ќе едрат на регатното поле од градското пристаниште – Куба Либре – Канео – Градско пристаниште.
Извор: ОхридПрес/Strugaonline
Фото: Ohrid Sailing Cup Fb
Facebook Коментари