Владимир Трпаноски е нов претседател на Џудо-федрацијата на Македонија-двајца стружани избрани за членови на одбори

- Локални, Спорт
557

Џудо федерацијата на Република Северна Македонија на 18.09.2019 година во Прилеп одржа седница на собраните. На седницата на собранието учество зедоа делегати од 21 џудо клуб членки на федерацијата. На седницата на собранието претседателот, г-дин. Зегљуљ Реџепи поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Џудо Федерацијата на Република Северна Македонија. За нов претседател на Џудо Федерацијата на Република Северна Македонија беше избран Г-дин. Владимир Трпаноски. Исто така собраието едногласно донесе одлука за разрешување на членовите на Извршниот и членовите на Надзорниот одбор на федерацијата, след што беше донесена одлука за избор на нови членови на Извршниот и членови на Надзорниот одбор на федерацијата. За нови членови на Извршниот одбор на федерацијата се избрани: Авни Реџепи, Благоја Гешоски, Љубен Андријашевиќ, Марјан Колев, Иван Живковски, Ерол Шерифовски, Николче Мариновски, Бошко Вељановски, Сашо Јанакиевски и Горан Антевски.

За нови членови на Надзорниот одбор беа избрани: Снежана Патирова, Димче Шипинкаровски и Борче Павлов. На седницата на собранието на Џудо Федерацијата на Република Северна Македонија Благоја Гешоски и Горан Антевски беа избрани за потпретседатели на Федерацијата.

На седницата на собранието делегатите се заблагодарија на досегашните членови на раководството на федерацијата за сработеното, а на новите членови им посакаа успех во работата.

Strugaonline

Facebook Коментари