Во април во Струга ЖРК Стружанка-ветеранки ќе одиигра два натпревари со тимот на Трабзон од Турција

- Локални, Спорт
1397

Следниот месец ,екипата на ЖРК Стружанка -ветеранки ќе ја пречека екипата на Трабзон од Турција.

Во рамки на оваа пријателска посета ќе се реализираат два натпревари, на 7-ми и 9-ти април во спортска сала ,,Нико Нестор“ со почеток од 16:00 часот.

,, Спортското пријателство меѓу двете екипи се разви на Меѓународниот ракометен турнир за ветерани што се одржа во Чанакале каде се одиграа пррвите натпревари. Сега ние ќе ги пречекаме во нашата прекрасна Струга и ги повикуваме сите љубители на ракометот да дојдат и да навиваат.“- велат од ЖРК Стружанка.

Додаваат дека пријателството помеѓу струшките ветеранки и ракометарките од Трабзон е доказ дека ракометот не познава граници и остава можност за соработки и размена на спортски искуства.

Strugaonline

 

Facebook Коментари