Во струшката Општа болница бесплатна скрининг мамографија секоја сабота

- Здравје, Локални
877

Општа болница Струга се приклучува кон овогодишното одбележување на розевиот октомври, месецот посветен на борба против канцерот на дојка и подигнување на свеста кај женската популација за почести и навремени контроли.

,,За таа цел секој четврток се врши скрининг мамографија, а секоја сабота ќе се врши бесплатна скрининг мамографија. Раната дијагностика на карцином на дојка е од круцијално значење за негова превенција. Освен тоа уште два датуми во октомври се значајни за подигање на свеста за грижата на женското здравје,а тоа е 18 октомври Светски ден на менопаузата и 20 октомври Светски ден на остеопорозата. Многу значајно е жените во текот на годината да издвојат барем неколку дена,кои ќе ги посветат на себеси и на грижата за сопственото здравје.“-изјави директорот на Општа болница-Струга, Д-р Арменд Арслани.

 Во светот секој ден од карцином на дојка заболуваат една од шест жени, а една од единаесет ја губи битката со болеста. Во текот на минатата година во Република Северна Македонија се регистрирани околу 1200 новозаболени од карцином на дојка. За навремено да се откријат промените на дојката се препорачува секоја жена за да биде сигурна во своето здравје редовно да прави ултразвук, скрининг мамографија како и гинеколошки преглед.

Strugaonline

Facebook Коментари