ЖКК Струга 2009 ги започна подготовките за новата сезона, пристигнува и засилување од САД

- Локални, Спорт
809
ЖКК Струга 2009 започна со подготовки за следната сезона во прва А лига жени. Кошаркарките сега работат со кондициониот тренер Коста Хиохи, а од 30-ти август започнуваат со тренинзи во сала. На 18-ти септември клубот добива и засилување, станува збор за кошаркарката Destiny Thompson од САД.
Тренерот Владимир Ѓоровиќ информира дека клубот е во преговори со уште две домашни кошаркарки чии одговор се очекува најдоцна до следната недела.
,,Нашите амбииции за оваа сезона се да обезбедиме останок во прва А лига, односно пласман меѓу првите шест екипи и да чекаме можност за да се уфрлиме и во привте четири екипи. Како и секоја година, пред се ни е целта да афирмираме нови млади кошаркарки“ – изјави за Strugaonline тренерот на ЖКК Струга 2009 , Владимир Ѓоровиќ.
Од клубот си заминуваат неколку кошаркарки кои одат на факултет и две кошаркарки кои заминуваат да учат средно образование во САД.
 Габриела Модева, кошаркарката на ЖКК Струга 2009 и македонска репрезентативка својата кариера ќе ја продолжи во средното училиште  Victory Christian Center School, а Мила Велјаноска ќе учи во Putnam Science Academy.
Strugaonline

Facebook Коментари