ЖКК Струга 2009 со подмладен тим и амбиции за полуфинале ја започна новата сезона

- Локални, Спорт
533
По поразот во првото коло од екипата на Вардар, кошаркарките на ЖКК Струга 2009 ја остварија првата победа на домашен терен против екипата на Гризли Баскет од Скопје со резултат 71:57, по четвртини: (22:09;16:14;25:10;08:24)
Сафија Лее постигна 32 поени и 8 скокови, Модева 10 поени, 11 скокови и 3 блокади. Стојановска 4 поени, 12 асистенции и 4 скока, Зендели и Муртазаи постигнаа по 8 поени.  Кукунешоска 5 поени, Филоска 3 поени, Крацоска 1 поен. Кај гостите најдобри беа Тодевска со 15 и Пљакај со по 12 поени.
,,Во оваа сезона влеговме со многу подмладен состав, но со истите амбиции, односно пласман во полуфинале на првенството. Од ланската екипа останаа искусните Стојановска и Зендели. Поголем простор и целосна шанса ќе добијат јуниорките Бицеска, Модева и Филоска, како и неколку кадетки. Тимот го засилуваме со кошаркарка од САД , Сафија Лее, која ги покрива крилните позиции,, – изјави тренерот на нашите кошаркарки, Владимир Ѓоровиќ.
Во младинските лиги, односно Пионерска лига М14, Струга 2009 славеше над тимот на Јасмин од Кавадарци со резултат 45:38. Незири постигна 17 поени, Милчин 11, Зиба 10, Цинциќ 3 поени, Ѓуроска 3 поени и Даути 1 поен.
Strugaonline

Facebook Коментари