Берлинскиот повик за акција преведен на македонски јазик

- Македонија
681

 

Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС го преведе на македонски јазик и го поддржа „Берлинскиот повик за акција“ како заедничката иницијатива на сите Европјани на кој им е од особена важност зачувувањето, негувањето и заштитата на културното наследство.

-„ХАЕМУС ги повикува македонските граѓани да се приклучат и да го потпишат овој повик за акција кој се фокусира на унапредување на европското културно наследство и наоѓа инспирација и легитимитет во стручноста, ентузијазмот и ангажманот на сите луѓе на кои им е важно заедничкото светско наследство (материјално, нематеријално и дигитално) и кои како професионалци или волонтери, целата своја стручност, време и енергија, ја посветиле да го пренесат ова наследство на идните генерации.“ – велат од тимот на ХАЕМУС.

Досега повикот го поддржаа институции, граѓански организации, поединци и компании од бизнис секторот кои доаѓаат од преку 48 држави.

Василка Димитровска, директор на ХАЕМУС е еден од потписниците на Берлинскиот повик за акција.

„Сметаме дека овој документ во голема мера ја дефинира иднината на Европа. Препознавањето на  културното наследството како приоритет во финансирањето и креирањето на европските политики е амбициозен план кои ги вклучува сите секори, особено граѓанскиот. Негувањето на заедничкото наследство може да придонесе кон подлабокот разбирање на нашето минато, сегашност и иднина, поттикнувајќи ги притоа луѓето на поквалитетен начин на живот“ – вели Димитровска.

Во фокусот на Берлинскиот повик за акција е културното наследство како основа за иднината на Европа, а иницијативата доаѓа по првиот Европски конгрес за културно наследство одржан помеѓу 18-24 јуни 2018 година во Берлин, Германија. Иницијативата е започната од три организации: Европа Ностра, германската Комисија за културно наследство и Пруската фондација за културно наследство, како директна инспирација од успешната кампања на Европската Унија во проектот „Европска година на културното наследство 2018“. Берлинскиот повик за акција може да се потпише онлајн на сајтот на Европа Ностра.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари