Денеска облачно со дожд- од утре студено со врнежи од снег

- Македонија
749

Денеска во Македонија ќе преовладува облачно време. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, а дневната температура ќе се движи во интервал од 7 до 12 степени. Во наредните три дена следува заладување со врнежи од снег. Насекаде ќе се формира снежна покривка. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. Утрата ќе бидат студени, а преку денот , во понеделник максималната температура ќе го достигне само 3-от степен.

Извор:УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари