Излезе од печат збирката „Златен меч на времето“

- Македонија
881

Деновиве излезе од печат збирката „Златен меч на времето: поезија за Велес и велешани“ во издание на Академски Печат и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес. Збирката на 262 страници претставува тематски определен панорамски преглед на извадоци од творештвата на голем број македонски поети од различни генерации и стадиуми од развојот на македонската книжевност, почнувајќи од Јордан Хаџи Константинов – Џинот, Рајко Жинзифов, Петар Поп Арсов и Димитрија Чуповски, продолжувајќи со Кочо Рацин, Ганчо Хаџи-Панзов и Коле Неделковски, потоа Блаже Конески, Венко Марковски и Гане Тодоровски;Јордан Плевнеш, Михаил Ренџов, Тодор Чаловски, Панде Манојлов, Радован П. Цветковски, Тихо Најдовски, Ристо Јачев, Лиле Арсова, Павлина Климкар Меанџиева,Катица Ќулавкова, Васил Тоциновски; завршувајќи со поетски дела  од современите поети од најновите генерации: Стефан Марковски, Димитри Соле Љубин, Игор Крајчев, Марина Мијаковска.

Како што потенцира приредувачот д-р Васил Тоциновски во предговорот, „трудот Златен меч на времето претставува еден можен обид за испишување лирска историја за Велес и за неговите луѓе“.

Извор : Strugaonline

 

Facebook Коментари