МТВ не ги откупи телевизиските права за Олимпските игри – пренос нема да има

- Македонија
675

Јавниот сервис не ги откупи телевизиските права за Олимписките игри кои од 9 до 25 февруари ќе се одржат во јужнокорејскиот град Пјонгчанг, така што, за прв пат МТВ нема да ги пренесува игрите.

Сопственик на правата за Олимписките игри во периодот од 2018 до 2024 година за територијата на Европа е компанијата Discovery Communications, која е и сопственик на каналите Еуроспорт, што значи дека македонските граѓани ќе може да ги следат ЗОИ само на тој спортски канал.

Меѓутоа, од 1 јануари, каналите на Еуроспорт и останатите канали на Discovery станаа недостапни за македонските граѓани корисници на најголемите оператори Макс ТВ и Вип.оне, што значи дека голем дел од граѓаните нема да имаат можност за следење на Олимписките игри во живо.

Извор: А1он

фото: архива

Facebook Коментари