РСБСП укажува на најчестите грешки и предизвици кои ги демнат младите возачи

- Македонија
1025

Летото е време на забава одмори и патувања кога и младите возачи се почесто седнуваат зад волан. Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата укажува на најчести грешки и предизвици кои ги демнат младите возачи, а во нив спаѓаат: Брзо возење,возење под одвлечено внимание, склоност кон непотребни ризици, не користење безбедносен појас, не држење безбедно растојание, возење додека се уморни,возење со друштво, возење под дејство на алкохол, нетрпеливост и други грешки.

„Неискусниот млад возач не е во состојба да го процени потребното време и потребниот сопирачки пат за да се запре возилото. Исто така, млад и неискусен возач не е во состојба брзо е ефикасно да препознае опасни ситуации во сообраќајот. Иако рефлексите на младите возачите се остри и ефективни сепак чувството за вашето толкување на ситуациите и препознавање на потенцијалните опасности во сообраќајот не е толку развиено како кај поискусните возачи. Потребно е време и пракса за да се добие тоа чувство. Затоа особено  важно  е младите возачи да бидат смирени, да ја намалат брзината и максимално да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината.“ – советуваат од РСБСП.

Од РСБСП исто така потенцираат дека нестрпливоста е карактеристична за младите и неискусни возачи и како резултат на тоа се преземаат опасни дејствија како брзо возење, неправилно пристигнување, слалом возење. Ваквото однесување во сообраќајот одзема животи и не може да се оправда на ниту еден начин. Возачка дозвола значи зрелост и доверба која треба да ја манифестира секој млад возач.

Извор: Strugaonline\РСБСП

Facebook Коментари