Три поетски наслови во најтесна конкуренција за наградата „Антево перо“

- Македонија
774
Жири комисијата за доделување на наградата „Антево перо“ во состав Венко Андоновски (претседател), Кристина Николовска, Митко Гогов, Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), на својот состанок одржан на 06 септември 2018 година (четврток), констатираше дека од листата на десетте стихозбирки кои влегоа во поширока конкуренција, три поетски наслови посебно се издвојуваат со нивниот квалитет.
-Комисијата за наградата „Антево перо“ на вториот одржан состанок по темелно разгледување на ракописите и детална дискусија околу вредностите на пристигнатите дела во најтесен избор за наградата ги избра следните стихозбирки: „Читање на времето“ на Михајло Свидерски, „Кумова слама“ на Славе Ѓ. Димоски и „Соголен јазик“ на Марина Мијаковска. Редоследот нема вредносно значење. – информираат организаторите.
Во текот на следната седмица Комисијата ќе го соопшти наградениот авторски наслов.
Strugaonline

Facebook Коментари