Утре започнува Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2024“ во охридско-струшкиот регион

- Локални, Македонија
122

Утре започнува шестото  издание на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ оваа година посветено на ретките заболувања во охридско-струшкиот регион.

-Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена  ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболуваат жителите од охридско-струшкиот регион.-вели Гордана Лолеска од здружението ,,Ретко е да си редок“.

Кампањата е од информативно  едукативен карактер  на кој  работеа над 60 професори и доктори од  Клиничкиот центгар Мајка Тереза од Скопје како и докторите од Охридската и Струшката болница, ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид, Специјализираната болница „Свети Стефан“ во Охрид како и многу приватни ординации од Охрид и Струга.

-Она што е загрижувачки е бројката од  110 различни ретки болести во овој регион.Стигнавме до информации за ултра ретки дијагнози како што е Peching syndrome, , Tyrosinemia type 1,  Rett syndrome , Gitelman syndrome, Ohtahara syndrome .Но ова истражување ќе ни помогне да изработиме база на податоци која ќе ни послужи за планирање на следни активности во интерес на лицата со ретки болести како и поврзување на семејствата меѓу себе и размена на искуства. Она што е позитивен ефект од кампањите кои ги водевме изминатите години е дека  помогнавме и охрабривме многу пациенти и семејства да зборуваат јавно за својата болест,да соберат храброст да не исконтактираат а секако добивме многу пофалби и од мецинската фела која е се повклучена во кампањите и секако дека без нивна помош и стручни совети немаше да успееме.- потенцира Лолеска.

Целта на проектот е подигнување на  јавната свест со цел да се доближат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести и нивните семејства.

Сите детали за годинешното издание ќе бидат соопштени на прес конференцијата која ќе се одржи утре, со почеток во 11:00 часот во хотел „Су“ во Охрид.

На прес конференцијата учество ќе земат дел од докторите кои работеа на самата кампања и тоa:

Проф. Д-р Велибор Тасиќ  Д-р Нора Абази Емини,Проф. Д-р Барбов Иван,Проф. Д-р Арсов Тодор, прим. м-р д-р Габриела Тавчиоска, Д-р Тaфије Даци Реџепи, Лилјана Тасевска-Рмуш,специјалист по медицинска генетикa, Доц. Д-р сци Александра Јанчевска, Д-р Николина Смоковска, Д-р Сања Ѓоревски, Д-р Теодора Спасовска и други.

Strugaonline

Facebook Коментари