Влада на РМ: Република Македонија е посветена на градење добрососедски односи со Република Србија 

- Македонија
675
По однос на билатералните односи со Република Србија, Владата на Република Македонија испрати соопштение за јавност во кое се вели:

„Република Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји.

Новата Влада на Република Македонија е цврсто посветена и презема интензивни чекори во насока на решавање наспроти создавање проблеми, унапредувајќи ги добрососедството, соработката и партнерството со Република Србија, како и со другите земји од опкружувањето. Убедени сме дека тоа е единствениот начин регионот одлучно да зачекори напред.

Во врска со конкретниот случај, не носејќи избрзани заклучоци, ги поздравуваме најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки.“ – стои во соопштението.

Извор: Strugaonline/Влада на РМ

 

 

Facebook Коментари