Време: Денеска сончев и топол есенски ден, утре се очекува студен бран со дожд и ветер

- Македонија
884

Денеска во Македонија ќе преовладува претежно сончево време, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ќе биде значително облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 16 до 25 степени. Утре ќе имаме осетен пад на температурите кога максималната температури ќе достигне само 17 степени, а се очекува и локален дожд и засилен ветер од северен правец. Во недела ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и максимални 20 степени.

Извор:УХМР

Facebook Коментари