Норвешка прва земја која го исклучува FM радио сигналот

- Свет
765

no-fm

Со доаѓањето на 2017 година во Норвешка ќе започне процес кој за прв пат беше објавен во 2015 година, а се работи за процесот за гасење на FM радио мрежи кој би требало да започне оваа недела. FM сигналот ќе биде заменет со модерна дигитална технологија која се базира на Digital Audio Broadcasting (DAB) стандардите.

Застапниците на преминот кон дигитална технологија истакнуваат дека на тој начин ќе заштедат пари и ќе им биде овозможено на локалните радио сервиси поголеми инвестиции во самиот радиски програм. Дигиталното радио сигурно ќе ја поттикне конкурентноста на пазарот и ќе обезбеди нови можности за иновации и развој.

Од друга страна, критичарите на овој потег велат дека оваа стапката од 15 милиони FM радио приемници во Норвешка ќе станат сосема бескорисни, што дополнително ќе ги изолира жителите во веќе доволно изолираните делови на Норвешка и ќе оневозможи голем број граѓани да го следат преносот на итни информации преку радио. Исто така, се напоменува дека FM радио приемници се вградени во два милиони автомобили кои се во сопственост на норвешки граѓани.

no-fm1

Процесот на гаснење на FM радио мрежите ќе започне на 11 јануари со исклучување на мрежата во градот Бодо, но до крајот на годината треба да бидат исклучени во целата земја.

Норвешка е прва земја во светот која целосно ќе ја затвори својата FM радио мрежа, во иднина слична ваква постапка планираат и Велика Британија, Швајцарија и Данска.

Facebook Коментари