Четврто издание на фестивалот „Калабалак“ на 14-ти јули во Радовиш

- Забава
760

На 14-ти јули во Радовиш ќе се одржи четвртото издание  на електронскиот музички фестивал „Kaлабалак.“ Фестивалот е организиран од страна на Experience,  со многу поголема продукција за загарантирано доживување  на фестивалот.

Oрганизаторите го најавуваат JUSTIN MYLO како главна ѕвезда на вечерта, диџеј и продуцент кој веќе има настапувано на сите најголеми музички фестивали ширум светот како Ultra Music Festival (Miami), Tomorrowland (Belgium), EDC (Las Vegas) и многу други. Познат е по неговите успешни соработки со холандскиот диџеј и продуцент Martin Garrix каде   што заедно котираат високо на топ листите за електронска музика ширум светот.

За комплетно музичко шоу ќе се погрижат диџеи од Македонија  Disconnected , Cyrillic i Ampov

Својата прва едиција фестивалот  ја доживува во 2015та со огромен интерес и оставен впечаток кај љубителите на електронската музика од Источна Македонија, како и сите кои биле дел од ова музичко доживување.

Влезниците можат да се купат на www.kupikartizase.mk или на самиот влез.

Strugaonline

 

Facebook Коментари