Кога ќе се емитува последната сезона од Игра на тронови?

- Забава
931

По се изгледа, за последната сезона на серијата Game of thornes сите фанови ќе бидат во голема и долга неизвестност.

Директорот на ХБО каналот, Кејси Блојс изјави дека последната, осма сезона од серијата „Игра на престоли“, највероватно ќе се емитува една година подоцна од предвиденото, односно дека последната епизода од последната сезона најверојатно ќе се емитува во 2019-та година.

„Се зависи од распоредот поврзан со продукцијата. Ќе имаме подобра претстава за тоа кога Дејвид Бениоф и Д. Б. Вахс ќе го завршат поголемиот дел од сценаријата“, посочи Блојс.

Седмата сезона на „Игра на престоли“ ќе почне да се емитува  на 17 јули годинава.

Facebook Коментари