Боите на македонското знаме осветлени на Empire State Building во чест на ЗОИ 2018

- Занимливо, Спорт
876

Во чест на денешното отворање на Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг, Јужна Кореја, боите на македонското знаме, заедно со другите знамиња на земјите учеснички на ЗОИ 2018, ќе бидат осветлени на познатата њујоршка зграда Empire State Building. Осветлувањето и ротирањето на боите на знамињата на земјите учеснички на ЗОИ, ќе започне денес во 23:22 часот по македонско време.

Македонија на „ЗОИ 2018“  ќе има тројца претставници кои ќе ги бранат боите на државата.

Во машка конкуренција нашата земја ќе ја претставуваат Антонио Ристевски во скијање во дисциплините слалом и велелслалом, како и Ставре Јада во крос-кантри во дисциплините спринт и 15 километри, додека кај девојките единствен наш  претставник ќе биде Викторија Тодоровска во крос-кантри во дисциплината 10 километри.

Strugaonline

Facebook Коментари