Истражување: Каде најмногу се пешачи, а во која земја луѓето се „мрзливи“?

- Здравје
1225

Денешната модерна технологија понекогаш може да даде добра евиденција за вашите дневни активности. Имено, денешните паметни телефони имаат  вграден акцелерометар што ги брои изодените чекори.

Американски научници решиле да соберат податоци од паметни телефони од сите делови на светот, за да утврдат која нација најмногу, а која најмалку пешачи.

Истражувачите, во соработка со апликацијата Аргус, искористиле податоци од над 700.000 анонимни корисници од 46 земји.

Анализата на Универзитетот Стенфорд покажала дека луѓето дневно просечно прават по 4.961 чекор.

Жителите на Хонг Конг се први на листата со 6.880 чекори дневно, Кинезите се веднаш зад нив со 6.189, додека пак Индонезијците се помалку активни  со само 3.513 чекори.

Научно е докажано дека пешачењето претставува една од најздравите навики која има низа бенефити за човековиот организам.

 

 

Facebook Коментари