Скопјанец со измама одзел 10 јагниња од жител на с. Лешани

- Хроника
894

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(64) од Скопје.

Пријавениот, во текот на април годинава, остварил телефонски контакт со, сега оштетениот М.О. од селото Лешани, општина Дебарца и лажно му се претставил дека е застапник на Синдикатот од Државната болница во Скопје. Со намера да се стекне со противправна имотна корист, пријавениот А.Н. го довел во заблуда сега оштетениот и од него побарал да му продаде 10 јагнина од по 40 килограми. По претходен меѓусебен договор, на 13 април, А.Н. со патнички автомобил пристигнал во селото Лешани и по остварената средба со оштетениот, ги натовариле јагнината во неговиот автомобил. Откако заминал од Лешани, пријавениот ги прекинал сите контакти со сега оштетениот. Со стореното казнено дело, пријавениот А.Н. се стекнал со противправна имотна корист од 50.000,оо денари.

Извор: СВР Охрид

 

Facebook Коментари