Во пожарот во Песочан настрада 81-годишниот Љ.Ј

- Хроника
900

Од МВР преку официјално соопштение информираат дека е утврден идентитетот на лицето кое настрада во пожарот кој се случи во селото Песочан.

– Во врска со настанот „пожар со последица смрт“, даден во вчерашниот извадок од дневни настани за пожар во куќа во селото Песочан, општина Дебрца, утврден е идентитетот на лицето кое како последица од пожарот беше пронајдено починато. Се работи за 81-годишниот Љ.Ј. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. – стои во соопштението на МВР

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари