Бендот „Визија“ ја објави „Замисли свет…“

- Музика
282

Песната „Замисли свет…“ од македонскиот бенд „Визија“, која е дел од студиски албум „Гласно!“ е објавена на официјалниот Youtube канал на бендот и е достапна за бесплатно преслушување. Бендот го сочинуваат: Марко Џамбазоски (гитара/придружен вокал), Марко Гапо (вокал/ритам гитара), Лилјана Јанкова (бас гитара/придружен вокал) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани). Визија веќе има настапено на дел од поголемите балкански фестивали како што се Егзит, Заечарската Гитаријада, Таксират, Јелен Демофест, Лејк Фест, Миксер и други, а покрај овие настапи, бендот добива одлични критики од американската радио станица „WMBR” и британскиот музички веб сајт „Emerging Indie Bands” кој на нивната листа на најдобри 90 нови бендови од светот за 2014 година, ја поставува визија на високото седмо место.

Визија, на 28. април, во МКЦ, ќе одржат концерт во рамките на ревијалната програма од 31. издание на „Рок Фест“.

StrugaOnline

Facebook Коментари