Во пожарoт во Песочан синоќа почина едно лице, идентитетот се утврдува

- Останати, Хроника
846

Синоќа, околу 18:00 часот, во селото Песочан, Општина Дебрца, од засега непознати причини настанал пожар во куќа во сопственост на лицето Љ.Т.

– При гаснењето на пожарот, од страна на пожарникарите од Противпожарна единица, во куќата било пронајдено починато лице. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари