Денес во Охрид ќе се одржи Семинар по едрење

- Локални, Спорт
938

Денес во 18 часот,  во Вила & Винарија Мал Свети Климент, а во организација на Здружението за спортско едрење „Aquatica Yachting“ ќе се одржи Семинар по едрење предводена од претставникот на „UK Sails“, господинот Hugo Scharff.

Целта на овој семинар е запознавање на присутните со типовите на едра, нивна изработка, начинот на штелување (тримање) на едрата….

Вториот дел од семинарот е посветен на регтаните правила во едрењето 2017-2020, како и нивната примена.

Учество на овој семинар веќе потврдија преставници на Капетанија на пристанишатата Охрид, членови на едриличарските клубови „Снегар“ и „Сирма“ од Струга, „Нов Ветар“ од Скопје, „Пират“ и „Aquatica Yachting“ од Охрид, Едриличарската Федерација на Македонија, сопственици на приватни едрилици од Охрид, Струга и Скопје и заинтересирани граѓани.

StrugaOnline

Facebook Коментари