Хуманитарен предизвик -да помогнеме на 11-годишно девојче од Охрид кое боледува од леукемија

- Локални
767

Охриѓани и сите граѓани од Струга и цела Македонија се  пред уште еден хуманитарен предизвик за помош на 11 годишно девојче од Охрид кое  боледува од леукемија. Потребно е да и се изврши итен оперативен зафат за пресадување на коскена срж. За операцијата која ќе се изведува во Германија потребни се финансиски средства.
Црвен крст Охрид започнува хуманитарна акција за собирање на финансиски средства за операцијата и на повеќе локации во градот (маркети, кафулиња, хотели) ќе постави собирни кутии со знакот на Црвен крст во кои секој ќе може да донира финансиски средства според своите можности и желба.
Својата хуманост со донирање во собирни каси на Црвен крст Охрид ќе можат да ја изразат и посетителите на театарската претстава Просветителска импровокација во четврток, 24.05.2018 во 20 ч. во Центарот за култура Григор Прличев, како и публиката на концертот на групата Мизар на Градскиот плоштад во Охрид кој ќе се одржи вечерва во 20 ч. Во петок, 25.05.2018 со почеток во 18 ч. на Градскиот плоштад Св.Климент Охридски младите охридски музички таленти ќе одржат хуманитарен концерт.
Може да се донира и на следната жиро сметка 210-7000006464-47 во НЛБ Тутунска банка.
„Да се мобилизираме во хуманоста и помогнеме да се спаси еден млад човечки живот.“ – велат од охридскиот Црвен Крст.

Strugaonline

Facebook Коментари