„Имам нешто да ти кажам“ – поетско читање на авторска поезија во Охрид

- Локални
153

Во четврток на  19ти април со почеток во 20:00 часот во кафе и бар “Шила“ ќе се оддржи поетско читање на авторска поезија од аматери-вљубеници во пишанот збор.

Како што вели организаторот на овој настан Јован Цветкоски, постдипломец на Филмската академија во Охрид и член на НАТГ “Аматер“: “Имам нешто да ти кажам“ е прво поетско читање на авторски песни од ваков тип во Охрид. Простор и можност за секој да се пријави со своја поезија и да ја изрази својата уметничка мисла. Како прво од овој тип во нашиот град, нема да биде од натпреварувачки карактер. Зависно од заинтересираноста на учесниците и љубителите, отворен е патот како би можело да се развие понатаму. Се гледаме во четврток во “Шила“.

Престојниот настан е уште еден во низата квалитетни културни вечери организирани во „Шила“ – концептуален кафе-бар  кој сѐ повеќе се истакнува како алтернативна арт-сцена во Охрид. „Ги охрабруваме креативците од сите сфери да не контактираат во врска со промоција на нивниот труд. Отворени сме за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма“– порачуваат од менаџерскот тим.

Strugaonline

 

Facebook Коментари