Ќе се избира најубаво украсен новогодишен двор или балкон во Охрид

- Локални
1113

Традиционално и оваа година Општина Охрид објавува  Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон. Пријавувањето на конкурсот ќе трае од 14 до 28.12.2017 година.

Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди;
Прва – 10000денари
Втора – 6000денари
Трета – 4000денари

Комисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми:

При новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста. Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници.

Извор и фото: Општина Охрид

Strugaonline

Facebook Коментари