Од 1-ви мај нов режим на сообраќај во Струга

- Локални
2419

Почнувајќи од 01.05.2018 до 30.06.2018 година, на улиците во Струга ќе започне нов (привремен) режим на сообраќај. – информираат од Општина Струга. Сообраќајот ќе продолжи во еден правец на улиците:

  1. Дел од улицата „Ѓуро Салај“ и тоа од спојот на ул. „Владо Малески“ со ул. „Димче Ковачески“ и од спојот на ул. „Димче Ковачески“ со ул. „Димитар Влахов“;
  2. Улицата „Димитар Влахов“ и тоа од спојот на ул. „15ти Корпус“ со ул. „Ѓуро Салај“, од спојот на ул. „Ѓуро Салај“ со ул. „ Прва Македонска Ударна Бригада“ и од спојот на ул. „Прва Македонска Ударна Бригада„ со ул. „Пабло Неруда“.
  3. Улицата „Прва Македонска Ударна Бригада“ и тоа од спојот на ул. „Димитар Влахов“ со ул. „Димче Ковачески“ и од спојот на ул. „Димче Ковачески“ со ул. „Владо Малески“.
  4. Улицата „Јово Стефаноски-Риле“ и тоа од спојот на ул. „Маркс и Енгелс“ со ул. „Зуфер Мусиќ“ и од спојот на ул. „Зуфер Мусиќ“ со ул.
    „ЈНА“.
  5. Дел од улицата „Боро Хаџиески-Путе“ и тоа од влезот на паркинг просторот на МЈП „Проаква“ до спојот со ул. „27ми Март“ и од спојот на ул. „27ми Март„ со ул. „Крсте Јон“.
  6. Дел од улицата „27ми Март“ и тоа од спојот на ул. „ Боро Хаџиески-Путе“ со ул.„Крсте Јон“ и ул. „Браќа Миладиновци“.
  7. улицата „Крсте Јон“ и тоа од спојот на ул. „Боро Хаџиески-Путе“ со ул. „ Нико Нестор “ и од спојот на ул. „Нико Нестор“ со ул. „27ми Март“ и ул. „Браќа Миладиновци

Оваа одлука беше усвоена на последната седница на Советот на Општина Струга одржана на 16.04.2018 година и истата одлука доби дозвола и од страна на СВР- Охрид.

Од Општина Струга ги повикуваат граѓаните да го  почитуваат овој нов режим на сообраќај и да  ги користат еднонасочните ленти за да нема пречки во собраќајот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари